Connect with us

Фудбал

Ништо ново, Салах двоен стрелец за победа на Енфилд

Двојниот стрелец Салах повторно херој за Ливерпул, кој победија против Лестер со 2-1 во дуел од 21.коло на Премиер лигата одигран попладнево на „Енфилд“.

Иако гостите со голот на Џејмс Варди уште во 3.минута поведоа со 0-1, сепак во вториот дел Ливерпул благодарение на головите на Мохамед Салах во 52-та и 76-тата минута успеа да направи комплетен резултатски пресврт и да слави триумф со 2-1.

Утре, на последниот ден на оваа година, во Премиер лигата ќе се одиграат утре две средби, Кристал Палас – Манчестер Сити (од 13 часот) и ВБА – Арсенал (ОД 17:30 часот)