Connect with us

Други спортови

Ништо повеќе не е исто, дури ни Вимблдон: Новите промени ќе ги растажат многумина

Третиот Грен слем сезонава, Вимблдон, ќе се одржи следната година од 27 јуни до 10 јули.

Вимблдон за многумина е најспецијалниот тениски турнир и веројатно привлекува најголемо внимание, но тој, како и многу други, доживува промени со текот на времето.

Нема повеќе неделен одмор, што беше златно правило од самиот почеток на Вимблдон. Тенис не се играше на Вимблдон во неделата, но тоа ќе се смени следната година.

Нема повеќе т.н Маничен понеделник (Manic Monday), кога на програмата беа натпреварите од осминафиналето и кога, според непишаното правило, се случија најголемите изненадувања.

Вторник веќе не е резервиран само за женските четвртфиналиња, а среда за машките, туку натпреварите ќе бидат комбинирани, додека наместо в недела, последното двојно финале ќе се одигра в четврток, додека финалето за тенисерки е поместено од сабота до недела.

Новак Ѓоковиќ ја брани титулата во машка конкуренција, а Ешли Барти во женска конкуренција.

Реклама

Facebook

Реклама