Фудбал
Ница го сака напаѓачот на Арсенал
Француската Ница сака да го ангажира напаѓачот на Арсенал, Николас Пепе на позајмица, тврди Фут Меркато.
Клубовите се веќе во напредни преговори, а самиот играч е заинтересиран за преселба во Лига 1.
Пепе дојде во Арсенал од Лил во август 2019 година за 80 милиони евра. Минатата сезона напаѓачот постигна 3 гола и направи 6 асистенции на 23 натпревари за Топџиите.
Моменталната вредност на играчот е 25 милиони евра.