Connect with us

Фудбал

Ниту Барса, ниту Реал, Нејмар ја донесе одлуката

Нејмар преговара со ПСЖ за нов договор вреден повеќе од 40 милиони долари. Според одредени француски медиуми, нема да има ништо од враќањето во Барселона, или трансфер во Реал Мадрид.

Бразилската ѕвезда беше мета на навивачите на францускиот тим откако пропушти неколку воведни меча поради опциите да се врати во Барселона, што се очекуваше да се случи оваа сезона.

Наводно на почетокот на јануари Нејмар добил понуда за нов договор, која сега се разгледува и е заинтересиран да ја продолжи соработката. Актуелниот договор му истекува во 2022.година.

Ова секако е пресврт ако се знае дека раководството на клубот и тој не беа во добри односи на почетокот на сезоната токму поради неговото однесување и притискање за трансфер.