Connect with us

Фудбал

Ниту Меси, ниту Роналдо не го изненадија Азар: Тој е најдобриот напаѓач на светот

Капитенот на Белгија, Еден Азар изјави дека неговиот тимски колега од Реал Мадрид, Карим Бензема во моментов е најдобриот напаѓач на светот.

„После играњето со него три-четири месеци, мислам дека Карим е во моментот најдобриот напаѓач во светот. Покрај неговата улога како напаѓач, тој ги прави и другите подобри“.

Азар зборуваше и за исклучувањето на Бензема од Франција, актуелниот светски шампион

„Жал ми е за него, но секогаш е полесно да се игра против тим каде што не е Бензема“.

Азар се осврна и на неговата состојба во Мадрид по комплициран старт на сезоната.

„Секогаш можете да направите нешто подобро, секако. Мислам дека во Реал Мадрид, од еден месец сè минува многу добро. Победивме натпревари и тимот добро се развива“.

Осврнувајќи се на шансите на Белгија во европската следна година, капитенот истакна.

„Ако сакаме да бидеме уште посилни, треба да имаме оружје. Ја гледам Белгија меѓу фаворитите за Евро 2020, заедно со Франција, Англија, Шпанија или Италија. На СП 2018 дојдовме до третото место, сега имаме уште две години искуство и победнички менталитет. Па можеби и ќе постигнеме повеќе отколку во Русија“.