Connect with us

Фудбал

Ниту Мурињо не помага, Газанига херој на Тотенхем, одбрани пенал

Тотенхем остана непоразен на гостувањето кај Ватфорд и тоа само благодарение на нереализираниот пенал на домаќините во 70-тата минута. Поточно речено голманот на „Петлите“ Пауло Газанига успеа да го одбрани ударот од белата точка на напаѓачот Трој Дини.

Тотенхем имаше поголем посед на топка, имаше 17 удари кон противничкиот гол, пет во рамките, но не успеа ниту еднаш да го пронајде патот до мрежата на противникот.

Во судиското продолжение Тотенхем имаше голема шанса, но дефанзивците на Ватфорд спасија од гол линијата.

 

Ниту назначувањето на Жозе Мурињо не помогна Тотенхем да почне редовно да победува. И по доаѓањето на Португалецот оваа екипа игра променливо. Во моментов се на 7-та позиција со 31 бод, осум помалку од Челзи кој е на четвртото место, последна позиција која носи пласман во ЛШ.

Standings provided by Sofascore LiveScore