Connect with us

Фудбал

Ноер не сака нов договор со Баерн Минхен, чека нов тренер

Голманот на Баерн, Мануел Ноер размислува да го продолжи договорот со клубот од Минхен, но ја чека разрешницата околу тренерската функција.

Според „Кикер“ 33-годишниот Германец, сака да ги одложи преговорите се додека клубот не го одреди тренерот на тимот за следната сезона.

Ноер го цени в.д. тренерот Ханс-Дитер Флик, кој ќе го предводи тимот барем до крајот на сезоната.

Сегашниот договор на голманот е со важност до летото 2021 година.