Connect with us

Кошарка

Ноќ за заборав на Дончиќ, ЛА Лејкерс се уште живи

Лука Дончиќ го одигра својот најлош натпревар во НБА оваа сезона.

Далас Маверикс беше домаќин на Мемфис Гризлис и на крајот беше убедливо поразен со 133-104.

Гризлис целосно го „поништија“ Дончиќ, кој мечот го заврши со само 12 поени. После натпреварот, тој самиот призна дека тоа бил еден од најлошите натпревари во неговата кариера.

Со оваа победа домашните ги задржаа своите шанси за разигрување. До победата беа предводени од Ха Морант (24 поени) и Дилон Брукс (22), додека поразените ги предводеше Тим Хардавеј јуниор со 19 поени.

ЛА Лејкерс продолжуваат да се борат за директно место во плејофот. Синоќа, по продолженијата во Стејплс центарот, тие го совладаа Њујорк Никс со 101-99.

Никс имаа напад за победа во регуларниот дел, но не го искористија. Во додадените пет минути, победникот го реши тројката на Хортон-Такер на 21 секунда пред крајот.

Кајл Кузма (23 поени), Ентони Дејвис (20 поени) и Андре Драмонд (16 поени, 18 скока) беа најдобри кај победниците. Кај гостите се истакнаа Јулиус Рендл (31 поен) и Дерик Роуз (27).

До крајот на Западот ќе се води голема борба за плејоф-позициите. Портланд Трејл Блејзерс и Далас Маверикс со 40-29 го држат петтото и шестото место, Ла Лејкерс се седми со сооднос 39-30.

Резултати од НБА-лигата:

ЛА Лејкерс – Њујорк 101: 99 (п)
Мемфис – Далас 133: 104
Сакраменто – Оклахома 122: 106
Милвоки – Орландо 114: 102
Голден Стејт – Феникс 122: 116
Чикаго – Бруклин 107: 115
Индијана – Филаделфија 103: 94
Торонто – ЛА Клиперс 96: 115
Бостон – Мајами 121: 129
Детроит – Минесота 100: 119
Шарлот – Денвер 112: 117