Други спортови
Ноле откри се – Терапии во Мелбурн на четири локации
Новак Ѓоковиќ од почетокот на Австралија опен се мачи од меч во меч со противниците, но и со „досадна“ повреда на грбот.
Секојдневно е под терапија и затоа избегнува да тренира во деновите меѓу натпреварите за да биде максимално подготвен за следниот дуел.
Она што охрабрува е дека Новак последните два меча, завчера против Де Минор, како и денеска против Рубљов ги одигра без видливи проблеми, а впечатокот е дека терапиите даваат резултати.
Јасно е дека сето тоа бара големо трпение и максимална посветеност за постигнување на целта, а се чини дека без Миљан Амановиќ тоа не би било возможно, па Новак денеска јавно му се заблагодари по победата над Рубљев.
Тој на прес-конференцијата зборуваше и за Амановиќ и терапии кои ги прави по натпреварот.
„Деновиве многу работи, имаме кумска врска, му ги крстив децата, тој е еден од луѓето на кои најмногу им верувам, затоа е еден од столбовите на тенискиот центар Новак. Почувствував потреба повторно да работам со Миљан.
Најдовме рамнотежа да патува со мене, но и да биде во центарот. Одиме на четири различни локации во градот на терапија, за да го доведеме телото во максимална состојба.
Досега се оди добро. Завршуваме доцна, но кога немам тениски тренинзи, тогаш имаме време за одмор. Јас сум му благодарен. Зглоб, случајни повреди, секојдневни истегнувања, денес е зглобот, утре е вратот…“, објасни Ѓоковиќ.