Ракомет
Норвешка е третиот полуфиналист
Норвешка ја оствари потребната победа над Исланд и стана третата репрезентација која обезбеди полуфинале на ракометното ЕУРО.
Најефикасен во победничкиот состав беше кој друг ако не Сандер Сагосен, кој зад своето име запиша девет погодоци од 15 обиди. Зад него со шест гола најмногу се истакна Кристијан О‘Саливан, додека одличен на голот беше и Бергеруд со 13 интервенции.
Со оваа победа, избраниците на Кристијан Берге остануваат на првото место на табелата со максимален ефект во главната фаза, па уште вечерва ќе можат да го резервираат билетот за полуфинале, во случај Унгарија да не победи во дуелот против Шведска (20:30 часот).