Connect with us

Други спортови

Норвешка и Германија најуспешни на досегашните Зимски Олимписки Игра

Published

on

По единаесеттиот ден, најуспешна нација е Норвешка со вкупно 29 освоени медали од кои 11 златни. Исто толку злата има и Германија, но вкупно 23 медали, додека трета на листата на освојувачи на медали е Канада со вкупно 19 медали од кои осум најсјајни одличја.

Французинот, Мартин Фуркад го освои и третиот златен медал на Олимпијадата во Пјонгчанг. Фуркад беше последната четврта измена во комбинираната штафета на Франција која победи во биатлонската трката на мешани штафети. Триколорите остварија резултат (1:08:34.3 час), за 20.секунди и 9.стотинки подобар од фаворизираните Норвежани кои беа шампиони пред четири години во Сочи. Со заостанување од 26,9 секунди зад новите шампиони на третото место заврши штафетата на Италијанците. За Фуркада тоа е вкупно петто злато од Олимпијадите на кои има и два сребрени медали.

Тројна победа на Германците во нордиска комбинација. Јохансе Ридзек, Фабијан Рајсл и Ерик Френцел им донесоа голема радост на Германците, освојувајќи ги првите три места, а со тоа и медалите, во нордиска комбинација, по настапите во ски-скокови и трката на 10.км крос-кантри.

На машкиот хокеарски турнир, се одиграа плејоф натпреварите место во четвртфиналето. Норвешка со 2-1 ја победи Словенија, селекцијата на САД беше убедлива против Словачка со 5-1, како и Финска која со 5-2 го совлада домаќинот Кореја. Најнеизвесниот меч го одиграа Германија и Швајцарија, а заврши со победа на Германците со 2-1 по продолжението, со што тие ќе бидат противник на Шведска во борбата за полуфиналето. Преостанатите двојки во четвртфиналната рунда се, Канада – Финска, Чешка – САД и Русија – Норвешка.

Facebook