Ракомет
Норвешка лесно се справи со Унгарија
Селекцијата на Норвешка забележа убедлива победа против Унгарија од 36:29 и заедно со Словенија имаат по четири бодови во групата која е формирана во втората фаза од ЕП во ракомет. Најефикасен со 7 погодоци во победничкиот тим беше Сагосен, додека на спротивната страна по пет постигнаа Наѓ и Лигетвари.
Последниот меч од оваа група се игра вечерва помеѓу Португалија и Шведска.