Connect with us

Фудбал

Норвешка со пенал во 90+4 до изедначување, Шведска ја „прегази“ Малта, рутинска победа за Италија

Репрезентацијата на Норвешка ја пречека репрезентацијата на Шпанија во рамките на 7. квалификациско коло за Европското првенство.

Шпанците до самиот крај на натпреварот имаа водство од 0:1, со голот на Саул во 47. минута од натпреварот, но домаќинот на самиот крај, односно во 90+4 минута успеа да дојде до изедначување. Џошуа Кинг беше прецизен од белата точка и му донесе бод на неговата репрезентација на самиот кра од натпреварот.

Шведска издвојува убедлива победа на гостувањето во Млата со 0:4. Резултатот го отвори Маркус Даниелос во 11. минута од натпреварот.

Во 58. минута од натпреварот Себастија Лоренс од пенал зголеми на 0:2, а во 66. минута Андреј Агиус ја затресе сопствената мрежа и го зголеми водството на Штедска на 0:3.

Во 71. минута повторно Себастијан Лоренс од пенал ја затресе мрежата на Малта и ги постави конечните 0:4.

Репрезентацијата на Романија издвојува победа над Фарски Острови од 0:3. Репрезентативците на Ромаинија се разиграа во втората половина од второто полувреме и со головите на Џорџ Пушкаш во 74., Александру Митрита во 83. и Клаудиу Кесеру во 90+4. минута од натпреварот дојдоа до трите бода.

На табелата во групата Ф лидер е Шпанија со 19 бода, на второто место е Шведска со 14 бода, трета е Романија со 13, потоа следуваат Норвешка со 10, Малта со 3, и Фарски Острови кои се на дното од табелата без ниту еден освоен бод.

Во групата Ј, Италија рутински ја совлада Грција со 2:0 на домашен терен. Головите за Италијанците ги постигнаа Жоржињо во 63. минута од пенал и Бернардески 78. минута од натпреварот.

Лихтенштај и Ерменија ги поделија бодовите (1:1). Резултатот го отворија гостите со голот на Барсегјан во 19. минута од натпреварот, а во 72. минута Јаник го постави конечниот резултат 1:1.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја совлада Финска со 4:1. Резултатот го отвори Изет Хајровиќ во 29. минута од натпреварот. Одлична партија одигра фудбалерот на Јувентус Миралем Пјаниќ кој два пати ја затресе мрежата на Финска, еднаш во 37. минута од пенал, а потоа и во 58. минута од натпреварот.

Армин Хоџиќ во 73. минута зголеми на 4:0, а во 79. минута од натпреварот Похјанополо ги постави конечните 4:1.

На табелата во групата Ј лидер е Италија со максимални 21 бод, втора е репрезентацијата на финска со 12 бода, по 10 бодови имаат Ерменија и Босна и Херцеговина, на петтото место е Грција со 5 освоени бода, а последна е репрезентацијата на Лихтенштајн со 2 освоени бода.

Грузија и Ирска одиграа натпревар без голови, додека Данска со минимален резултат ја совлада Швајцарија со голот на Полсен во 84. минута од натпреварот.

На табелата во групата Д Ирска и Данска имаат по 12 бода, трета е Швајцарија со 8 бода, на четвртото место е Грузија со 5 бода, а последна е репрезентацијата на Гибралтар без ниту еден освоен бод.