Други спортови
Норвежаните славеа на натпреварот во Лахти
Викендов во рамките на Светското првенство во Лахти, Финска, се одржува ново натпреварување во ски скокови.
Денес беше закажано екипно натпреварување, а славеше репрезентацијата на Норвешка.
Норвежаните славеа во составот: Гранеруд, Јохансон, Линдвик, Танде.
Второто место го освоија Полјаците (Зила, Штекала, Кубацки, Стох), а подиумот го комплетираа натпреварувачи од Германија (Хаман, Паск, Ајзенибхлер, Гајгер).
Со поени завршија и селекциите на Асутрија, Јапонија, Словенија, Швајцарија и Финска.
За утре е закажано индивидуално натпреварување во Лахти.