Connect with us

Кошарка

Нов Американец во дресот на Македонија – Букер од Мурсија добива македонски пасош

Македонската кошаркарска федерација размислува за екипирање на репрезентацијата по паузара заради корона-кризата. Во 2022 година сигурно ќе настапи со нов странец во тимот, откако пред крај е натурализацијата на плејмејкер од САД, а во план е и да се даде пасош и на Американецот кој игра на центарската позиција, потврдуваат од македонската Куќа на кошарката.

Аскија Букер игра на позицијата плејмејкер, висок е 188 сантиментри, а тежок 75 килограми. Во 2015 година се има пријавено на драфтот во НБА-лигата, но не беше избран од ниту еден клуб, по што настапуваше за неколку екипи во Д-лигата. Во 2018 година се сели во Шпанија, а по неколкуте успешни месеци во дресот на Бетис се сели во Мурсија, каде ги мина последни две сезони во Ендеса-лигата.

Македонија ги загуби првите две квалификациски средби против Естонија дома и Русија на гости, на кои улогата на странец ја имаше Шејн Витингтон, кој кариерата ја продолжи во Јапонија од каде што тешко би можел да одговори на барањата на Тодоров.