Ракомет
Нов дрес нови успеси – Кузмановски најзаслужен за пласман на Магдебург во ЕХФ Купот
Новиот дрес донесе и нови успеси за Филип Кузмановски. Македонскиот репрезентативец во дресот на Магдебург беше еден од најзаслужните за пласманот на неговиот тим во ЕХФ Купот.
Бундеслигашот по убедливиот триумф на гости во Полска, вечерва одигра уште една одлична партија против Горник Забрзе и со победа од 37-26 си обезбеди виза за главната фаза од второто по ранг натпреварување на ЕХФ.