Поврзи се

Фудбал

Нов изненадувачки кандидат за потписот на Луис Енрике

Во последните неколку дена, засилено се шпекулира дека Антонио Конте ќе биде отпуштен од функцијата менаџер на Челзи, а Луис Енрике ќе пристигне на негово место. Шампионите не се на потребното ниво, што доведе до негативни коментари по негова адреса.

Британските обложувалници се уверени дека ако италијанскиот менаџер на Челзи добие отказ, Шпанецот ќе го заземе неговото место.

Денес „Дејли мејл“ информира дека има новиот кандид за потписот на поранешниот тренер на Барселона. Станува збор за тимот на Арсенал.
Во текот на летото, Арсен Венгер потпиша нов 2-годишен договор, но во него има опција тој да се раздели со „топџџите“ по завршувањето на кампањата.

По привлекувањето на Хенрик Миктаријан и Пјер Емерик Обамејанг во зимскиот трансфер прозорец и одличната игра во последниот меч со Евертон (5:1), сепак се чини дека Французинот ќе се обиде уште еднаш да ја нападне титулата во следната сезона, што повторно ја остава можноста Енрике да го преземе тимот од „Стемфорд бриџ“.

Тоа може да се случи и при евентуален пораз на Челзи од Барселона во 1/8-финалето на ЛШ, кое е на програма следната недела.

ФОТО

loading...

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com