Connect with us

Фудбал

Нов кикс на Ливерпул. Им треба чудо над чудата за Лигата на шампионите

Ливерпул одигра 1:1 со Астон Вила во 37. коло од Премиер лигата на „Енфилд“ и сега само чудо може да го однесе во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Јирген Клоп би требало да го победи Саутемптон во последното коло, додека Њукасл или Манчестер Јунајтед би морале да ги загубат двата натпревари, па би одлучувала гол разликата.

Дека нема да биде добро за Ливерпул веќе се навести во 22. минута, кога Ибрахим Коната направи прекршок за пенал над Воткинс. Воткинс го изведе пеналот и го промаши целиот гол, но пет минути подоцна Астон Вила доаѓа до водство. Џејкоб Ремзи погоди по центаршутот на Даглас Луиз.

Таа предност гостите умешно ја задржаа до самиот крај, иако Ливерпул погоди во 55. минута, но голот на Коди Гакпо беше поништен со ВАР. Ливерпул конечно успеа да израмни во 89. минута. Мохамед Салах нафрли од десната страна, а Роберто Фирмино постигна гол во неговиот последен натпревар на Енфилд. Сепак, за повеќе од десет минути прекин, Ливерпул не успеа да направи пробив.