Connect with us

Тајмаут

Нов момент за СЕКС СКАНДАЛОТ на Врањеш со сопругата на Тошиќ: Карлеуша призна се

Минатиот јануари во Србија, но и поширокиот регион топ тема беше секс аферата на Јелена Карлеуша, сопругата на Душко Тошиќ со Огнен Врањеш.

Српската пејачка ја негираше врската со репрезентативецот на Босна и Херцеговина, но сега се демантираше самата себе по изјавата што ја даде како исказ пред судот.

„Тоа се мои фотографии, моите голи гради и мојот полов орган. Огнен Врањеш тајно ме снимаше!“, изјави пејачката на Врховниот суд во Белград за време на исказот кој го даде под заклетва.

„Би навела дека многупати ги тужев и Информер, бидејќи секој ден објавуваа мои фотографии, односно фотографии од моето голо тело за кои никогаш не дадов дозвола и кои настанале без мое знаење. Објавија слика од моите голи гради, слика за која не дадов дозвола ниту ја објавив, а не ни знаев дека настанала“, стои во судскиот записник кој Карлеуша го завери со своерачен потпис.

Карлеуша потврди и дека на сликата е нејзиниот полов орган, иако долго време изјавуваше дека таму „има карактеристична бенка за која знае само нејзиниот сопруг Душко Тошиќ“.

„Сметам дека не постои ништо пострашно за една мајка, сопруга и ќерка секој ден да го гледа својот полов орган како централна најава во весниците“, изјави Карлеуша.

Извор: Sportclub.mk