Ракомет
Нов потпис во Барселона: Ова е клубот на мојот живот
Раководството на Барселона постигна уште еден важен договор за проширување на соработката, а овој пат потпиша нов договор од Аитор Арино.
Според новиот договор, тој ќе остане во Барселона до 2025 година, така што неговиот договор е продолжен за четири години.
Арино потекнува од ракометната школа на Барселона, а точно пред десет години го направи своето деби за првиот тим на Барселона.
“Жyелбата ми беше секогаш да останам овде. Ова е клубот на мојот живот и најдобриот клуб во светот. Јас сум крајно возбуден од сè”, рече Арино по потпишувањето на договорот.
Зад него е многу добра сезона, бидејќи на 40 одиграни натпревари овој крилен играч постигна 115 голови.