Connect with us

Кошарка

Нов позитивен случај на корона во ЦСКА Москва

Во рамките на 3. коло од кошарката во Евролигата, Фенербахче и ЦСКА Москва вечерва ќе ги одмерат силите во Турција.

Тимот од Москва влегува ослабен на овој дуел, со оглед дека коронавирусот влезе во овој кошаркарски клуб.

Имено, денес ЦСКА ја информираше јавноста дека Андреј Лопатин исто така е позитивен на КОВИД-19. Тоа е четвртиот играч на ЦСКА што има присуство на коронавирус во телото. Пред него позитивни беа Семен Антонов, Никола Милутинов и Јанис Стрелниекс.

Сепак, натпреварот нема да се одложи бидејќи Евролигата усвои протокол според кој натпреварот може да се одложи само доколку тимот има на располагање помалку од осум играчи.

Да потсетиме, Фенербахче по две кола има две победи, додека ЦСКА е на половина ефект.