Фудбал
Нов проблем за Барселона, Каталонците немаат 37 милиони евра за плаќање данок
Откако летово необјасниво потроши 150 милиони евра за нови засилувања во услови на екстремно тешка ситуација во клубот по заминувањето на Хосеп Марија Бартомеу и долговите кои според различни извештаи се приближуваат до 1,4 милијарди евра, Барселона сега се соочува со нов проблем. Покрај прашањето за кардирање на нови играчи, како проблем се појави даночна обврска од околу 37 милиони евра.
Во моментов Каталонците се уште не можат да ги пријават своите нови играчи и бараат други начини да го решат проблемот, а стартот на Ла Лига е на само една недела.
Прашање е како ќе се покрие новиот дефицит за да може клубот да почне ликвиден на стартот од новата сезона во Ла Лига.