Фудбал
Нов рекорд на Меси – Во Катар направи нешто што досега не го направил!
Лионел Меси полека но сигурно ја зграпчува првата светска титула во Катар. Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство откако ја совлада Хрватска, а Меси постигна гол во 34. минута од пенал.
Покрај тоа што ја одведе својата земја во уште едно финале, триесет и петгодишниот фудбалер вечерва испиша нова историја.
Имено, Меси стана првиот аргентински фудбалер во историјата кој постигнал гол во три различни нокаут фази на Светското првенство.
Посебно е интересно што пред Светското првенство во Катар, Меси ниту еднаш не ја затресе противничката мрежа по групната фаза.
Аргентинецот беше стрелец во осминафиналето во победата на неговиот тим над Австралија од 2:1. Тој ја затресе мрежата на четвртфиналниот натпревар против Холандија, а вечерва погоди и во полуфиналето против Хрватска.
Меси никогаш не го освоил Светското првенство, па тоа е единствениот трофеј што му недостига во богатата кариера, а шансата да го направи тоа ќе ја има во недела на 18 декември. Во финалето Аргентина го чека подобриот од дуелот Франција – Мароко.