Connect with us

Фудбал

Нов шок во фудбалот: Џанлука Вијали е во многу тешка состојба

Нова тешка вест за фудбалските фанови во Италија. Откако пред неколку дена почина легендарниот српски дефанзивец Синиша Михајловиќ, кој беше погребан вчера, денеска доаѓаат нови лоши вести од Италија.

Уште еден поранешен играч на Сампдорија – Џанлука Вијали е во многу тешка состојба, пишува „Гаџета дело спорт“. Поранешниот напаѓач на Јувентус и Италија со години се бореше со ракот на панкреасот. Вијали пред неколку дена објави дека привремено се повлекува од функцијата шеф на делегацијата на италијанската репрезентација.

Виали се бори со проблемот веќе пет години. Првично лекувањето помина добро и тој се врати на работа и беше дел од тимот на Манчини кој го освои ЕП 2020. Сепак неговата состојба сега е сериозна.

Според „Гаџета дело спорт“, со него во болница се собираат и неговите роднини. Доказ за тоа е патувањето на неговата мајка – 87-годишната Марија Тереза, која од родното место на Виали – Кремона го напуштила во Англија, каде Виали живее со години.

Виали е роден на 9 јули 1964 година во Кремона. Неговиот прв тим беше Кремонезе, играше и за Сампдорија, каде ја освои титулата со Роберто Манчини, Јувентус и Челзи, каде што беше и тренер.