Фудбал
Нов шок во Црвена Звезда: Покрај неколку фудбалери, позитивен и еден од челните луѓе
Србија по се изгледа дека ја плаќа цената од прераното укинување на рестриктивните мерки. Како што беше познато, сезоната таму продолжи, а беше дозволено и присуство на публиката. Откако се појави информација која подоцна беше потврдена дека петмина фудбалери се позитивни во Црвена Звезда, сега стигна информација дека позитивен Звездан Терзиќ.
„Резултатот го добив по последното тестирање. Во сабота пред прославата на титулата направив тест кој покажа дека сум негативен. Меѓутоа во последните два дена имав покачена температура и повторно се тестирав, но овој пат се покажа дека сум позитивен, изјави Терзиќ.