Фудбал
Нов скандал во Aнглија, уште еден фудбалер обвинет за силување: Полицијата реагираше, тој веднаш заврши во притвор!
Првотимецот на Сандерленд, Џек Дајмонд е обвинет за силување и сексуален напад, објави клубот. Сандерленд, кој се натпреварува во Чемпионшип, истакна дека крилниот напаѓач веднаш бил суспендиран, а во исто време му била „стопирана“ и неговата позајмица во таборот на Линколн.
Како што беше речено, Дајмонд се товари за кривични дела од мај минатата година, а пред обвинител треба да се појави во мај годинава. Џек Дајмонд, инаку, израснал во таборот на тимот од „стадионот на светлината“. Вкупно одигра 45 натпревари во дресот на овој клуб, на кои постигна два гола со шест асистенции.
Од август минатата година тој е на позајмица во Линколн, кој игра во Лига 1 (третолигашки ранг), а во чиј дрес на 31 натпревар постигна шест гола со четири асистенции, што го прави втор стрелец и прв асистент на тимот. . Освен Саутемптон и Линколн, неколку играчи беа тестирани во Харогејт, за кој настапуваше во четвртиот и петтиот степен на англискиот фудбал.