Connect with us

Фудбал

Нов скандал жестоко ја здрма фамилијата Бекам

Фамилијата на славниот фудбалер Дејвид Бекам повторно се најде во центарот на вниманието. Претходните денови скандалозна беше приказната за повозрасната сестра на фудбалската икона, кога во јавноста исплива информацијата дека Лин Бекам ја продава својата облека за да преживее.

Сега, во центарот на вниманието е неговата помлада сестра – Џоан Бекам. Имено, таа завршила во полициска станица откако нејзиното момче ја пријавил за физичко насилство. Тој наводно бил во кавка со сестрата на Бекам кога таа го удрила по глава со далечинскиот управувач. Тој се здобил со удар во модрици по главата и окото, поради што ја пријавил во полиција.

Џоан и Крис имаат бебе, а тој во Велика Британија е познара реалити ѕвезда.