Connect with us

Фудбал

Нов случај на Ковид-19 во Премиер лигата

Премиер лигата потврди дека има нов случај на „Кикид-19“ по петтата рунда тестирање на 1197 играчи и членови на клубовите.

Лицето кое тестирало позитивно е член на Тотенхем.

„Поради зачувување на приватноста, името на поединецот нема да биде објавено. Станува збор за асимптоматски човек, кој сега ќе се самоизолира седум дена, како што е предвидено со протоколот во Премиер лигата, пред да помине уште еден тест.

Премиер лигата објави дека фудбалерот на „Спарси“ е единствениот позитивен случај од направените 1197 тестови. На претходните тестови не се пронајдени позитивни случаеви.