Connect with us

Фудбал

Нов светски рекорд за најпосетен женски натпревар

Барселона го совлада Волфсбург со 5:1 во првото полуфинале на женската Лига на шампиони , но натпреварот нема да се памети по резултатот, туку по бројот на гледачи кои присуствуваа на „Камп Ноу“. Домаќините известија дека на трибините имало 91.648 гледачи, што е нов светски рекорд за женски натпревар.

Претходното рекордно достигнување повторно и припадна на Барселона . Пред неполн месец, 91.553 луѓе во живо ја следеа женската верзија на Ел Класико, во кое Барса победи со 5:2.

Претходно, најпосетениот женски натпревар беше финалето на Светското првенство во 1999 година помеѓу САД и Кина со 90.185 гледачи.

Другото полуфинале во Лигата на шампионите е француското дерби меѓу Лион и Пари Сен Жермен .