Други спортови
Нов удар на Австралијците: Забранети транспаренти и гласна поддршка за Ѓоковиќ! (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ доживува вистинска тортура во Австралија.
Светскиот рекет број еден слета во Мелбурн вчера околу 13:30 часот по средноевропско време, а потоа започна кошмарот.
Ноле заврши во притвор на аеродром и не му беше дозволен влез во земјава бидејќи немал валидна виза. Ѓоковиќ доби медицинско ослободување бидејќи не бил вакциниран, но тоа не било прифатено.
Решението за депортација пристигна доцна синоќа, а Ѓоковиќ моментално се наоѓа во озлогласениот хотел за имигранти, каде чека конечна одлука, по поднесената жалба.
Австралијците денеска му зададоа нов удар, како да не му е доста од се.
Рафаел Надал и Рикардас Беранкис рано утринава се сретнаа на АТП турнирот во Мелбурн по средноевропско време, а Шпанецот победи со 2-0 и се пласираше во четвртфиналето каде ќе се сретне со Талон Грикспор.
Меѓу гледачите на тој меч имаше и човек кој со транспарент го поддржа Новак Ѓоковиќ, по што доби опомена од организаторите.
Австралијците донесоа одлука да им забранат на навивачите да му даваат гласовна поддршка на Ѓоковиќ или да креваат транспаренти за поддршка на светскиот ас.
Според нивните стандарди, споменатиот навивач имал несоодветен транспарент и му било кажано дека доколку не го отстрани може да ја напушти трибината, односно ќе биде исфрлен.
Погледнете за што се работи.
Gentleman at Rod Laver arena isn’t allowed to have Novak Djokovic signs.
What a disgrace. pic.twitter.com/4SlzSTk7OQ
— The Juggernaut (@TheJuggernaut88) January 6, 2022
Најмногу се потресе таткото на Нолет, Срѓан, кој денеска одржа прес-конференција во Белград.
“Го ставаат во валкани хотели, никој не го заслужува тоа. Тој е жртвено јагне затоа што сака да го промени светот, а тие сакаат да му ги отсечат крилјата. И луѓе како Скот Морисон, чие име кажува се. Сето тоа е страшно, го распнаа како Исус, тоа е вистински скандал“, изјави денеска Срѓан Ѓоковиќ.
„Пред 100 години бевме шест милиони, а денес нѐ има уште толку. Ама не можам ништо! Воодушевен сум од тебе, тука се луѓе од сите генерации, но сите исто мислиме. Новак е наш и никому нема да го дадеме. Секој ден ќе го поддржуваме нашиот Исус овде. Запалете свеќи во нашите православни храмови за Новак и за целиот либерален свет, за да се надмине одвратното однесување на овие ужасни политичари“, рече Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак на мегафон пред неколку стотици Срби пред Собранието во Белград.