Фудбал
Нов удар за Јувентус, со Кристијано Роналдо имаат нерасчистени сметки, Португалецот подготвува тужба!
Италијанските медиуми објавија дека Кристијано Роналдо и Јувентус имаат неподмирени сметки бидејќи клубот од Торино не му платил целосно на фудбалерот. Јувентус му должи на Роналдо речиси 20.000.000 евра бидејќи клубот имаше криза во периодот кога владееше корона вирусот и се обидуваа да си ги спасат финансиите, што се одрази и на исплатата на играчите. Роналдо веќе разговарал со обвинителството во Торино за ситуацијата, по што донел одлука да го тужи клубот и да ги врати парите што му се должат. Исто така, неговиот поранешен соиграч Пауло Дибала исто така разговарал со обвинителот во Торино, но тој постигнал договор со Јувентус да му биде вратена сумата од 3.000,00 евра.
Роналдо се подготвува да ги побара парите преку правни средства. За работите да бидат уште полоши за Јувентус, челниците на клубот имаат сослушување пред Арбитражниот суд за финансиски малверзации”, пишува италијанска „Република”. Уште за време на кризата во Јувентус, Роналдо се согласил клубот да му плати 11.000.000 наместо 31.000.000 евра, а клубот од Торино се обврза дека ќе му го даде остатокот кога ќе се стабилизира финансиски.