Connect with us

Други спортови

Нов успех на нашиот каратист Емил Павлов, бронза во Истанбул

Емил Павлов освои бронзен медал на К1 Премиер лигата во Истанбул, Турција откако го совлада казакстанецот Каисар Албисбаир со 4:1. Претходно на патот до меч за бронзата, завчера Емил ги победи Аминага Гулијев од Азербејџан со 3:0, Афеф Гаит од Јордан со 3:2 а со победата против Матиас Гарсиа Гомез од Шпанија со резултат од 8:3 се пласираше во полуфиналето, каде што беше поразен со 2:5 од азербејџанецот Фирдовси Ферзалиев. Оваа победа и освоениот бронзен медал за нашиот најдобар каратист се голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство во Пореч и квалификацискиот турнир во Париз, во борба за олимписка норма за ЛОИ во Токио.

Од нашите спортисти, пласман на 7 место во категорија- 75 км постигна Доан Османи, а Берат Јакупи во категорија – 84 кг оствари три победи и пораз, но немаше репасаж. Во истата категорија Виктор Крстевски имаше две победи, како и Абдурахом Идризи во – 60 кг. Во кати, Пулексенија Јовановска оствари пласман на 13тото место. К1 Премиер лигата во Истанбул се бодува за олимписката листа на WKF и беше прво големо натпреварување по една година пауза во каратето, а настапија вкупно 584 каратисти од 72 земји.