Други спортови
Нов успешен маратон на Марко, пливаше 9 часа и 26 минути од Струга до Св. Наум (ВИДЕО)
Девет часа и дваесет и шест минути му беа потребни на Марко Пејчиновски да ја преплива делницата од Струга до манастирот Св. Наум со што го совлада и четвртиот предизвик ова лето на Охридското Езеро.
На целта кај Св. Наум Марко беше поздравен од голем број посетители кои денеска го преплавија манастирот на празникот на големиот светител и Чудотворец Св. Наум.