Connect with us

Други спортови

Нов златен медал за Косово на Олимписките игри во Токио

Џудистката Нора Ѓакова го обезбеди вториот златен медал за Косово на Олимписките игри во Токио.

Таа беше најдобра во денешните борби во категоријата -57 килограми. Во финалето, Ѓакова ја совлада Французинката Сара Леони.

Претходно, злато за Косово обезбеди Дристија Красниќи.

Со две златни медаљи, Косово во моментов е на седмото место во пласманот според освоени најсјајни одличја на Игрите во Јапонија.