Connect with us

Фудбал

НОВА БОМБА: Лукаку за 105.000.000 евра во Манчестер!?

Пеп Гвардиола сака да го има во Манчестер сити напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. Сити ќе се обиде во идниот период сериозно да се засилува, а тоа ќе го стори така што ќе се обиде да купи еден проверен голгетер.

Белгиецот може да ги реши проблемите со ефикасноста во нападот. Англичаните тврдат дека Сити, во јануарскиот преоден рок, ќе испратат понуда до Интер.

Белгиецот игра во добра форма годинава и тешко може да се очекува дека Интер така лесно би се откажал од него, но прашање е дали предводниците на овој клуб би оддолеале на понудата од 105 милиони евра кои „граѓаните“ се подготвени да ја платат.

Во дресот на „нераѕурите“ Лукаку минатата сезона ја имаше сезоната на кариерата, постигна 34 голови, а Гвардиола верувал дека тој играч би можел лесно да се вклопи во неговиот состав.

Од друга страна, Лукаку имаше низа на проблеми додека настапуваше за „црвените ѓаволи“