Connect with us

Фудбал

Нова драма во “режија” на Милан, водеше против Елмас и Наполи, а потоа се спасуваше од пораз

Неколку меча по ред екипата на Милан приредува вистинска драма од резултатски аспект. Така беше и вечерва во Неапол, но на крајот дербито на колото, или битката за Лига Европа заврши без победник 2:2.

Двете екипи одиграа добро, па на крајот приредија интересен меч. Милан поведе со голот на Тео Хернандез во 20-та минута, но во 34-та следуваше израмнување преку Ди Лоренцо.

За целосен пресврт се погрижи Мертенс во 60-та минута, но сепак Милан обезбеди бод преку Кеси од пенал во 73-та минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 65-та минута.