Фудбал
Нова инвестиција од 100 милиони за „Биг Сем“
Контраверзниот тренер на Евертон, „Биг“ Сем Алардајс, е свесен дека ќе мора да ја засили екипата, па така во јануари на „Гудисон“ би можеле да стигнат уште тројца нови играчи.
Според информациите Евертон е на прагот на договор со Лил околу нивниот дефанзивец Адам Сумаоро, додека на радарот на клубот од Ливерпул се наоѓа и напаѓачот на Кристал Палас, Кристијан Бентеке, како и играчот за врска на Севиља, Стивен Н’Зонзи.