Connect with us

Други спортови

Нова победа за Шифрин

Американката Микаела Шифрин триумфираше на трката во паралелниот слалом во Сент Мориц, со која ја забележа 48 победа во кариерата, а петта сезонава. Американката во големото финале беше подобра од Петра Влахова од Словачка за 0,11 секунди. На третото место заврши Венди Холденер, откако во малото финале беше побрза од Катарина Линзбергер.

Меѓу најдобрите осум се пласираа уште Нина Лесерт од Норвешка, Стефани Бринер од Австрија, Ерин Милжински од Канада и Лена Дуер од Германија. Во генералниот пласман води Шифрин со 589 бода, втора е Мишел Гисин од Швајцарија со 300 бода помалку.