Connect with us

Фудбал

Нова повреда на „Енфилд“: Кој ќе игра стопер во големото дерби?

Вирџил Ван Дајк веќе некое време е повреден, го нема ниту Гомез, а сега стигна и веста за повредата на Жоел Матип.

На низата повредени им се приклучи камерунскиот репрезентативец Џоел Матип кој се повреди на дуелот против Њукасл. Веднаш го напушти теренот по што беше објавено дека нема да игра против Саутемптон во следното коло, против Астон Вила во ФА Купот и ќе го пропушти дербито со Манчестер Јунајтед.

Екипата на Ливерпул запиша две ремија на последните два натпревари во Премиер лигата, откако не најде начин како да ги победи ВБА и Њукасл, но допрва го очекува пеколен распоред.

Инаку, Ливерпул ќе биде домаќин на Јунајтед на 17 јануари, па Јирген Клоп еден од најважните натпревари оваа сезона ќе мора да го одигра без практично вистински и докажан стопер.