Фудбал
Нова сезона! Шкендија стартува со Скопје, Шкупи гостин на Тиквеш
Во ФФМ е извршена ждрепката за двојките и распоредот на натпреварите за новата сезона од првата македонска фудбалска лига.
Во првиот натпревар Шкендија е домаќин на Скопје во Тетово, додека Шкупи ќе му гостува на Тиквеш. Струга Трим Лум ќе се соочи со Победа. Во останатите натпревари се среќаваат Македонија Ѓ.П. – Ренова, Силекс – Работнички, Академија Пандев – Брегалница.
Новата сезона започнува на 6 август.