Фудбал
Нова смрт го потресе светот на фудбалот!
Холандските медиуми денеска објавија дека поранешниот играч на Твенте, Џоди Лукоки, починал на 29-годишна возраст.
„Синот на ветрот“, како што беше прекарот на фудбалерот, почина под се уште неразјаснети околности и неговото прерано заминување го потресе фудбалскиот свет. Џоди Лукоки е роден во ДР Конго, но како дете емигрирал во Холандија, каде ги направил првите фудбалски чекори во Ајакс.
Во дресот на холандскиот великан помина четири години, а играше и за Камбур, Цволе, Малатијаспор, Твенте и бугарски Лудогорец каде остана пет години. Неговиот последен ангажман беше во Твенте, каде што доби отказ поради приватни проблеми и напади врз одредени луѓе.