Фудбал
Нова тажна вест го потресе светот на фудбалот, почина легендарниот тренер на Ливерпул
Славниот француски фудбалски тренер Жерар Улие, кој најголемите успеси ги постигна со Ливерпул, почина на 73 годишна возраст. Со „Црвените“ Улие освои шест пехари, ФА Купот, Комјунити Шилд, Купот на УЕФА, Суперкупот на УЕФА и два пати Лига Купот.
Иако имаше операција на срце пред три недели, „Л Екип“ вели дека во наредните денови ќе се знаат причините за неговата смрт.