Други спортови
Нова титула за Надал
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал постигна нова АТП титула.
Надал, кој неодамна го освои Австралија опен, славеше во финалето на Акапулко со 6:4, 6:4 против Нори.
Шпанецот продолжи со фантастичната година и во 2022 година оствари 15 победи на исто толку одиграни натпревари.
Ова е веќе трет трофеј за Рафа оваа година, а има вкупно 91 титула.
Турнирот Акапулко од серијата 500 се играше за награден фонд од 1.678.065 американски долари.