Други спортови
Новак го „среди“ Нишиока со совршен сервис
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа се квалификуваше во осмина-финалето на Австралија опен.
Ѓоковиќ го победи јапонскиот тенисер Јошихито Нишиока со 3:0 во сетови. Со 6:3, 6:2, 6:2 за помалку од еден час и половина.
Новак доминираше уште од стартот на натпреварот и заслужено се најде меѓу најдобрите 16 во првиот гренд слем во сезоната.
Србинот беше одличен на сервис за време на натпреварот и исто така држеше високо ниво на првиот сервис и освоени поени на истиот. Тој имаше 43/46 освоени поени на својот прв сервис, а тоа е еден од најдобрите резултати во кариерата.
Негов следен ривал ќе биде Диего Шварцман, Аргентинец кој го победи Душан Лајовиќ со 6:2, 6:3, 7:6.