Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ го изимитира Меси, го виде противникот во теретана и му викна: Што е бе, будало!

Новак Ѓоковиќ веќе направи шоу во Австралија во дует со Диего Шварцман! На социјалните мрежи сподели видео од теретана на кое се гледа како му вика на: „Што е, будала?“, но причината за тоа е урнебесна!

Таа реченица стана култ во Аргентина поради Лионел Меси и Мундијалот! По четвртфиналето на Светското првенство во кое по драма и пенали „гаучосите“ ја минаа Холандија, Лионел Меси во микс зоната давајќи изјава токму тоа му викна на напаѓачот на Холандија, Вут Вегхорст!

Аргентинците го дочекаа со ентузијазам и тој момент и таа реченица дури заврши како тетоважи на кожата на многу Аргентинци, а погледнете како Новак го имитираше тој момент со Шварцман: