Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ го победи коронавирусот!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, го совлада коронавирусот.

Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена беа тестирани позитивно на овој вирус пред 10 дена, по нивното враќање од Задар и претстојниот период беа во изолација.

Денешниот тест што го направија покажа дека Новак, исто како и Јелена, го победил коронавирусот и светскиот рекет број еден успешно го надминал вирусот што го запре целиот свет.

Потсетуваме, Ѓоковиќ се зарази откако помина многу време со Григор Димитров, бугарски тенисер кој беше првиот што беше позитивен на турнирот во Задар.

Имаше жестоки реакции и осуди кон српскиот тенисер за организирањето на турнирот, а многумина упатија остри зборови и го обвинија за фактот дека не се грижел премногу за овој вирус.