Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ оди во Австралија – како селектор на Србија?

АТП купот ќе се одржи во Сиднеј од 1 до 9 јануари.

Репрезентацијата на Србија во неа ќе се натпреварува во групата А заедно со Чиле, Норвешка и Шпанија.

Српскиот тренер Виктор Троицки се уште не е сигурен дали ќе отпатува за Австралија, а сето тоа го објасни во интервју за „Sports Journal“.

“Јас како тренер не се прашувам многу во ова натпреварување и не верувам дека ќе одам. Тренерот ништо не одлучува, бидејќи првиот и вториот рекет автоматски играат сингл, нема промени. Само ако некој од нив се повреди. Некој може да ги замени. Не можам ништо да одлучам. Засега не одам“, вели Троицки.

„Се преговара за двојка, јас би можел да влијаам на тоа. Од друга страна, според правилата, доколку нема селектор, неговата улога може да ја преземе првиот играч на репрезентацијата, а тоа е Новак.“

Инаку, Новак Ѓоковиќ се очекува на 17 јануари да настапи на Австралија опен. Но, се крена голема прашина за неговиот настап на првиот Грен слем сезонава поради вакцината против вирусот КОВИД-19, па останува да се види дали Ноле ќе игра во Мелбурн.

Неговото име беше на прелиминарниот список на учесници, но тоа не е гаранција дека Ѓоковиќ навистина ќе настапи на турнирот.