Други спортови
Новак Ѓоковиќ повеќе не е број еден!
Новак Ѓоковиќ повеќе не е првиот тенисер во светот.
Имено, Србинот првата позиција му ја препушти на Русинот Данило Медведед.
Медведев сега има 8.615 поени на АТП листата, додека Ѓоковиќ има 8.465.
На третото место е Александар Зверев со 7.515 бодови, додека четврти е Надал со 6.515.
Новак треба да се врати на лидерската позиција на 13 март, бидејќи Медведев нема да игра во Марсеј.
Треба да се напомене дека ова е прва промена на АТП листата кога е во прашање првото место од 20 јануари 2020 година.
Ѓоковиќ неодамна неславно загуби од Чехот Јиржи Весели во Дубаи, а не играше за Австралија опен.