Други спортови
Новак Ѓоковиќ повторно е број 1
Новак Ѓоковиќ повторно e прв светски рекет! Откако мораше да чека еден месец затоа што не му беше дозволен влез во Соединетите Американски Држави и откако поради тоа падна од првото место на АТП листата, повторно се најде на врвот. Карлос Алкараз требаше да го освои турнирот во Мајами за да остане на првото место, но „новиот Новак“ како што го нарекуваат Јаник Синер не успеа да го освои Мајами, откако загуби во финалето од Медведев.
Сега со 7.160 бодови, Ѓоковиќ е прв, додека Карлос Алкараз е втор со 6.780 и така ќе остане во следните две недели. И двајцата го прескокнуваат турнирот во Есторил, а потоа ќе се појават во Монте Карло каде повторно ќе започне битката за првото место!
Пред Ролан Гарос не очекува голем дуел на земјена подлога! Додека Рафаел Надал се опоравува од повредата и се обидува да биде подготвен за Монте Карло, Барселона и Мадрид, сите очи ќе бидат насочени кон врвот на АТП-листата.