Connect with us

Други спортови

Новак Ѓоковиќ се извинуваше пред камерите: Доаѓам тука 20 години, морам подобро!

Новак Ѓоковиќ уште еднаш  приреди вистински спектакл на публиката, како за време на мечот со Мартон Фучовиќ, така и по него, кога разговараше со славниот Фабрис Санторо. Во интервјуто на теренот, српскиот ас разговараше на француски со поранешниот специјалист за двојки и не недостигаше смеа. Во еден момент тој и се извини на публиката за изговорот на нивниот јазик. Прво им се заблагодари на сите.

“Ви благодарам, полни сте со енергија. Поддршката беше одлична, се надевам дека уживавте. Не уживав толку, барем не во првиот сет, беше навистина интензивно и напорно. После тоа успеав да го подигнам нивото на мојата игра, среќен сум“, започна Ѓоковиќ.

Потоа им се обрати на присутните. „Извинете за мојот француски, тоа не ми е мајчин јазик. Не сум среќен, доаѓам овде веќе 20 години и треба да зборувам подобро. Моето ниво е основно. Можеш ли да ме разбереш? Можеш. Одлично“.

Во тој момент поранешниот тенисер требаше да му постави уште едно прашање на Србинот. „Фабриз, те молам пушти ме. Не можам да најдам повеќе зборови на француски“, одлично расположен го заврши разговорот Новак.

Advertisement